Ракометарите на норвешкиот претставник Наербо обезбедија предност во првиот натпревар во финалето од Европскиот Куп откако го совладаа тимот на Баја Маре од Романија со 29:25.
Во првото полувреме двете екипи имаа свои добри периоди и водство, но на полувремето Наербо замина со предност од 15:12. Во продолжението норвешкиот тим го диктираше темпото и до крај сочува солидна предност пред реваншот.
Торд Хаугсенг беше предводник до победата на Наербо со девет гола, а Андреас Хорст Хаугсенг беше втор стрелец со шест погодоци. За екипата на Баја Маре по четири гола постигнаа Андреj Бузле и Стеван Вујовиќ.
Реванш натпреварот ќе се игра на 28 мај во Романија после кој ќе биде позна победникот во Европскиот Куп. Баја Маре има достижна негатива и се очекува интересен дуел за трофејот.