Група од стотина навивачи на тимот на ПАОК од Солун, предизвикаа инцидент на Рекорд и нападнале момче кое носело дрес на Вардар, објави Канал 5.
Според телевизијата, поддржувачите на составот од Солун, потоа нападнале и вработена во продавница и украле неколку шишиња со вода.
Навивачи на тимот од јужниот сосед беа дојдени во Скопје за ракометниот натпревар од Европскиот Куп меѓу Металург и ПАОК, кој заврши со триумф на гостинките.
Македонската полиција брзо реагираше и спречи инцидентот да добие поголеми размери, а потоа групата навивачи беше следена до излезот на градот.
Металург ги заврши настапите во Европскиот Куп со уште еден пораз