В сабота ќе започне Светското кадетско првенство во Македонија, на кој ќе учествуваат 32 репрезентации.
Меѓу новитетите што ќе бидат воведени на Светското кадетско првенство во Македонија, ќе биде и играњето без лепак на топките, кој до сега им помагаше на играчите да имаат подобра контрола врз топката.
Исто така, кадетскиот Мундијал во Македонија ќе биде првото официјално натпреварување организирано од Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) на кое ќе се игра со топка без лепак D60 PRO од јапонскиот бренд Молтен.
Кадетскиот Мундијал во нашата држава ќе се игра во периодот од 30 јули до 10 август. 32 репрезентации во групната фаза ќе бидат поделени во осум групи.
Македонија е во групата Б заедно со селекциите на Иран, Узбекистан и Сенегал.