Викендов во Италија се одиграа завршните турнири во Купот во машка и женска конкуренција.
Македонија имаше претставници во двете финални средби.
Во женското Куп финале, составот на Ериче, каде што игра Савица Мркиќ го освои трофејот откако славеше против Бриксен со 33-29.
Мркиќ беше стрелец на еден погодок, но имаше важна улога во одбраната на Ериче, за кој брани и легендарната Бразилка Чана Масон.
Во машкото Куп финале, составот на Фасано, каде што игра Дарио Петровски, загуби од Бриксен со 31-30, a македонскиот интернационалец постигна два гола.