Некогашните соиграчи Наумче Мојсовски и Гоце Георгеивски се сретнаа во куќата на спортот. Темите неисцрпни, моменти од сеќавања полни со емоции.
Се започна во Автокоманда, каде Џомба настапуваше за Металург од 2006 до 2016 година, па следува преселба во францускиот Тулуз.
Потоа беше дел од ЧСМ Букурешт каде настапуваше три сезони. Од Романија се враќа повторно во родниот град, во кој ја продолжува кариерата во Вардар, за кој сеуште настапува.
Неговото пензионирање од националниот тим, доаѓа во време на подмладување на ракометната репрезентација, кое емотивно се случи изминатиов викенд, на квалификациониот натпревар со Турција.
„Задоволството од носење на националниот дрес е непроценливо”, беше заедничко мислење на двете ракометни легенди.
Во изминативе 16 години беше неизоставен дел од натпреварите на македонскиот национален тим, а нив ги има преку 200.