Мотор останува без столбот на одбраната – Бабичев најави крај на кариерата

Ракометарот на Мотор Запорожје, Максим Бабичев најави дека по завршувањето на сезоната ќе заврши и неговата ракометна кариера.

На Бабичев му истекува договорот со Мотор кој беше продолжен минатата година. 35-годишниот ракометар реши во иднина повеќе внимание да посвети на приватниот живот.

Искусниот ракометар од Белорусија во украинскиот шампион пристигна во 2017 година и значително ја подобри играта во одбраната на Мотор.

Во својата кариера, Бабичев настапуваше и за Мешков Брест, Динамо Минск и Аркатрон.