Повратникот во елитното друштво, Младост Богданци, славеше на првиот пријателски натпревар пред стартот на новата сезона во Суперлигата.
Избраниците на Митко Стоилов го совладаа прволигашот Партизан Гевгелија со убедливи 30-17, а и на полувреме имаа висока предност, 16-7.
Шанса за докажување добија сите ракометари, а најдобри стрелци беа Иван Стојчевски со седум голови, а по пет постигнаа Александар Лупашко и Стојанчо Наумовски.
Следниот пријателски натпревар, тимот од Богданци ќе гостува кај Радовиш, кој славеше на контролен дуел во Кавадарци против Тиквеш со 31-34.