Митков и Манасков ја бодреа Македонија во Злин (ФОТО)

Машката репрезентација на Македонија одигра реми, 24-24, во првиот натпревар од бараж двомечот со Чешка за пласман на Светското првенство во Полска и Шведска.

Покрај многубројните навивачи на Македонија, кои допатуваа од нашата татковина, но и од околните земји на Чешка, ракометарите ги бодреа и Дејан Манасков и Влатко Митков.

Поранешниот репрезентативец игра во Австрија за тимот на Холабрун, додека Манасков од Унгарија допатува за поддршка во Злин.

Реванш натпреварот меѓ Макеоднија и Чешка по кој ќе биде познат патникот на СП ќе се игра на 17 април во Скопје од 19:00 часот.