Во центарот на вниманието на македонската спортска јавност е ревијалниот натпревар меѓу поранешните и сегашните репрезентативци.
Филип Миркуловски од неодамна е „пензионер“, и вели дека на крајот на денот ќе има само еден победник – македонскиот народ.
„Некој да ми кажуваше дека ќе се организира ваков натпревар, вака добро организиран, немаше да му верувам. На крајот ќе има само еден победник, а тоа е македонскиот народ кој покажа големо срце и ја исполни салата до последно место за да бидат донирани средства на оние на кои им се многу потребни, децата од СОС Детско село“, вели Миркуловски.
Тој во моментов ја извршува функцијата асистент тренер на Хрвоје Хорват во бундеслигашот Вецлар.