Црногорскиот шампион Будуќност оствари победа на гостувањето во Шведска кај Савехоф со 24-33, иако во првиот дел имаше и негатива од четири погодоци.
Најзаслужни за победата беа Раичевиќ со осум и Јауковиќ со шест гола, додека поранешните вардарци Радичевиќ и Лазовиќ дадоа по пет.
Францускиот Мец наспроти очекувањата, славеше лесен триумф на тешкиот терен кај Ростов Дон со 24-29.
Избраничките на Амброш Мартин беа непрепознатливи на теренот, па Мец немаше поголеми проблеми да ги обезбеди бодовите, откако водеше во текот на целиот меч.
Н’гуан, Бургард и Флип со по пет голови беа најзаслужни за победата што ќе им донесе прво место во групата 1.