Екипата на Металург се врати на победите во Супер лигата откако во Автокоманда триумфираше против Скопје 2020 со 33:24, а на терен на овој натпревар имаше само 12 ракометари од кои тројца беа голмани.
Ракометарите на Скопје први го „скршија мразот“ и поведиа со 1:0, а потоа следуваа два гола на домаќините за водство од 2:1. Металурзите искористија неколку грешки на гостите и по пет минути игра со голот на Петковски се одлепија на плус два, 4:2. Екипата на Скопје во секој поглед беше немоќна во дуелот со поранешниот шампион на Македонија. Металург рутински ја контролираше својата предност која по петнаесетина минути игра изнесуваше највисоки шест гола разлика, 10:4.
Малиот пад во играта на домашната екипа поради кратката клупа беше причина екипата на Скопје да намали на пет негатива, 6:11. До крајот на полувремето, Металург со серија од 5:0 стигна до висока разлика од 17:8, додека на полувреме замина со предност од 17:9.
Во вториот дел, Металург продолжи со својата доминација, полека ја градеше големата предност преку Хорват, Озтурк и Петковски. По десетина минути игра во второто полувреме, домаќините имаа водство од 25:14. Тука сосема беше јасно дека бодовите ќе останат за домашната екипа. Во последните дваесетина минути, ракометарите на Металург одржуваа водство, најчесто од девет до десет гола разлика. Скопје во последниот дел направи серија од 3:0, намали на минус седум, 23:30, но до самиот финиш не успеа уште повеќе да ја преполови својата негатива.
Во следното коло, Металург ќе гостува кај Пролет. Избраниците на Симе Симовски за следен ривал го имаат актуелниот шампион на Македонија, Вардар.
СУПЕР МАШКА ЛИГА – ТАБЕЛА