„Металург не беше доволно моќен за да стигне до Келн“

Металург во времето на Ристо Чокрев како претседател на клубот растеше како бренд, беше прогласен за најорганизиран спортски колектив во Македонија, имаше стабилен спонзор, финансии, екипа која можеше да се носи со секој во Европа, но иако двапати играше во четвртфиналето во Лигата на шампионите, никогаш не го виде Ф4 во Келн.

„Секогаш велиме за малку недостасуваше, ама тоа никогаш не беше малку, беше многу. Целевме кон тоа да направиме екипа, имавме светски тренер. Со доаѓањето на Лино Червар како светски познат стручњак Металург доби многу затоа што со самото негово присуство од анонимен клуб нè лансираше на европската ракометна мапа. Креирањето на брендот Металург започнува од присуството на Лино, потоа со европските успеси, рејтингот на шестото место во Европа, тоа е заслуга на тренер, на играчи, на логистиката. Желбата беше да се игра на Ф4, но најверојатно тогаш не бевме доволно моќни да се најдеме во Келн.“

Целосното интервју со Ристо Чокрев може да го погледнете во продолжение.

ИНТЕРВЈУ РИСТО ЧОКРЕВ: Вардар во Европа го направи она за што Металург сонуваше