Екипата на Криенс од Швајцарија во 2. коло од квалификациите за Лигата на Европа претрпе елиминација од составот на Металург, но очигледно тоа не влијаеше премногу кај раководството на овој тим.
Тренерот Горан Перковац доби награда за својата работа и покрај елиминацијата, па веќе има нов договор.
Информациите говорат дека тој ќе продолжи да работи во тимот на Криенс и во следните три години.
Горан Перковац е поранешен репрезентативец на Хрватска, кој има и златен медал од Олимписките игри во 1996 година. Инаку, во Криенс е тренер од пред две години.