Новиот тим во Женската лига, Металург Автокоманда, промовираше ново засилување во своите редови.
Станува збор за младиот кружен напаѓач Марија Петреска, која досега беше дел од тимот на Металург.
20-годишната ракометарка со некогашниот шампион на Македонија во две сезони, 2021/22 и 2022/23, настапуваше и на Европска сцена, односно во Европскиот Куп.
Новакот претходно потпиша со трите сениорски репрезентативки на Македонија, голманката Амра Терзиќ и левите крила Мила Трајковиќ и Сара Миновска, како и со трите кадетски репрезентативки – левите бекови Миа Маринчов, Таида Беровиќ и Михаела Кралева.
Металург Автокоманда во дебитанската сезона ќе биде предводен од селекторот на младинската репрезентација на Македонија, Јулијана Дамчевска, додека нејзин помошник ќе биде Крсто Петрушевски.
Уште едно репрезентативно засилување – Трајковиќ потпиша за Металург Автокоманда
Од Металург во Металург Автокоманда – капитенот Терзиќ има нов клуб!
Металург Автокоманда промовира три млади ракометарки – потпишаа Маринчов, Кралева и Беровиќ