Марко Митев: За се е заслужен тимот

Со пет гола од пет обиди, од што четири по ред во последните минути од мечот Марко Митев беше еден од клучните детали во играта на Македонија. Нашата репрезентација со 30-27 ја победи Турција и како второпласирани во групата нашите сениори се пласираа на ЕП 2024 година.

Откако го постигна вториот гол со кој Македонија поведе со 26-25, следуваа уште три во серија со кои репрезентацијата зголеми на 29-26 и во 59 минута веќе почна славјето во салата.

„Игравме на високо ниво. Турција е квалитетна. Одигравме тимски и борвено, и со триумф го испочитувавме Георгиевски за заминувањето во ракометна пензија, изјави Марко Митевс по мечот.

Тој лесно се пробиваше низ противничката одбрана, и го изненади противникот кој не се надеваше на неговите удари. Скромниот Митев сепак кажа кој е заслужен за тоа.

„Тоа е заради екипата, за тоа е заслужна екипата. Ракометот е колективен спорт, вели Митев.

Македонија со четири победи го освои второто место во групата, веднаш за Португалија. За Македонија играњето на ЕП 2024 година ќе биде осмото ЕП на кое ќе настапи, а седмо по ред.

„Џокерот“ Марко Митев со четири гола по ред ја реши Турција