Македонскиот шампион во женска конкуренција Ѓорче Петров во координација со МАН и телевизијата Канал 5 ќе организираат серија хуманитарни активности за помош на преживеаните од катастрофалниот земјотрес во Турција.
Раководството на клубот изразува сочувство до Република Турција и пријателскиот турски народ за катастрофалната трагедија, која се случи денес, откако земјотрес од 7.9 степени по Рихтеровата скала погоди делови од јужна Турција и северна Сирија.
Од Ѓорче Петров преку социјалните мрежи ја информираа јавноста дека утре и во среда ќе биде отворен склад за материјални донации во кафе барот Корзо, кој се наоѓа во паркот во Ѓорче Петров.