Ракометарите на Македонија Ѓорче Петров, по малку изненадувачки, славеа убедливо на гостувањето во Штип кај Текстилец со 23-32.
Гостите поведоа со 1-8 и најавија дека се дојдени по трите бода во битката од прволигашкиот плеј-аут.
Беше и 4-12, но Текстилец за момент се врати во мечот и успеа да паузата да стопи дел од негативата, па на одмор се замина со резултат, 9-12.
Ѓорчевци на стартот на вториот дел се одлепија на плус седум, 10-17 и до крајот рутински ја одржуваа разликата, а штипјани немаа шанси да направат камбек во мечот.
Најдобри стрелци во редовите на Македонија Ѓорче Петров беа Боби Неделковски со 11 гола, како и Бојан Серафимовски и Христијан Христов со по шест, додека кај Текстилец се истакна Милисав Петров со шест погодоци.