Ракометната федерација на Македонија објави дека денеска стартува продажбата на билетите за дуелот против Турција од квалификациите за ЕП 2024 година.
Билетите се по цена од 100 денари, а продажбата започнува денес во 12:00 часот online на интернет-страницата на МК Тикетс, а влезници можат да се купат и на сите продажни места на МК Тикетс низ државата.
Македониија денеска гостува кај отпишаниот Луксембург, додека в недела во Скопје ја пречекува Турција.
Мечот со Турција е на програмата на 26 април од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“, а со победа на овој дуел, нашата селекција ќе го освои второто место во квалификациската група.