Македонија со ист состав, Романките со една промена (ФОТО)

Женската репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра реванш натпреварот против Романија во рамките на баражот за Мундијалот во Шпанија.

Селекторот Симе Симовски денеска се реши за истиот состав што играше на првиот меч во Букурешт.

Романскиот селектор Ади Василе, направи една промена во ростерот. На местото на левиот бек Елиза Бучеси ќе игра Александра Јованеску.

Натпреварот меѓу Македонија и Романија се игра денеска во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:00 часот. Првиот меч го доби Романија со 33-22.