Македонија загуби и од Хрватска

Женската репрезентација на Македонија, како дел од подготовките за настапот на Медитеранските игри во Алжир, одигра уште еден пријателски натпревар против Хрватска.

Ривал на кадетско-младинскиот микс на Македонија беше поискусниот состав на Ненад Шоштариќ, кој славеше со 31-23.

Ова е трет пораз на избраничките на Љубомир Савевски, но ако се знае дека ова се многу млади ракометарки, кои собираат искуство, ваквиот резултат не е изненадување.

Првиот натпревар на Медитеранските игри, Македонија ќе го одигра на 30 јуни против селекцијата на Турција, а потоа ќе игра со Србија и Португалија.