Европската ракометна федерација ја објави процедурата пред ждрепката за групите на Европското првенство што ќе се игра во Македонија, Словенија и Црна Гора.
Женската репрезентација на Македонија се најде во третиот шешир и на 28 април од 17:00 часот ќе ги дознае ривалите на ЕП.
Тоа што сега е јасно дека нашите ракометарки ќе играат во групата Ц, и нема да се соочат ниту со Словенија, ниту со Црна Гора и со Унгарија (ако оваа селекција обезбеди место на ЕП).
Континенталниот собир ќе се игра од 4 до 20 ноември оваа година во Скопје, Подгорица, Целје и Љубљана. Во македонската метропола ќе се игра една група од прелиминарната и една група од главната рунда.
шешир 1: Норвешка + три првопласирани репрезентации од квалификациите
шешир 2: Црна Гора + три првопласирани репрезентации од квалификациите
шешир 3: Македонија, Словенија + две второпласирани репрезентации од квал.
шешир 4: четири второпласирани репрезентации од квалификациите
Група А (Љубљана) – Унгарија*
Група Б (Целје) – Словенија
Група Ц (Скопје) – Македонија
Група Д (Подгорица) – Црна Гора