Маички за Црна Гора, знаменца за Македонија (ФОТО)

Последниот натпреварувачки ден од групната фаза на Европското првенство ќе ги даде последните патници за главната фаза во групата која ќе се игра во Скопје.

Меѓу потенцијалните кандидати се и двете репрезентации на домаќините Македонија и Црна Гора.

Македонија од 18 часот го игра елиминацискиот дуел со Романија во Борис Трајковски, а Црна Гора во истиот термин игра со Полска.

Атмосферата е загреана, а за тоа дополнително се погрижија домаќините. Во Морача посетителитеуште пред натпреварите во второто коло, добија навивачка маичка и знаме, благодарение на нивниот долгогодишен спонзор, а македонските навивачи ќе ги подигнат хартиените знаменца пред почетокот на дуелот.

Македонските фанови за спомен од натпреварот против Романија во рамките на третото коло ќе добијат хартиени знаменца, кои треба да ја надополнат навивачката атмосфера и да бидат мотив повеќе за нашите ракометни лавици во нивниот последен обид да се пласираат во втората фаза.