Натпреварите од Лигата на шампионите во женска конкуренција стигнаа до 3. коло од втората фаза и денеска и утре следуваат нови пресметки на патот кон четврт-финалето.
Денеска еден од поинтересните дуели се игра во Унгарија каде тимот на ФТЦ Раил Карго ќе се пресмета со Ростов Дон. За домашните ова е една од последните шанси за да фати приклучок за 4. место додека гостите одат кон првото место и мораат да нападнат силно ако сакаат да имаат добра позиција на стартот на елиминациите.
Во другата група интересно ќе биде на двобојот меѓу Будуќност и крим, но јасно е дека домашните влегуваат како фаворити.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЖЕНИ
ДВОЈКИ ЗА 3. КОЛО
ГРУПА 1
САБОТА, 8 ФЕВРУАРИ
19:00ч
КРИСТИЈАНСАНД – ЧСМ БУКУРЕШТ
20:00ч
ФТЦ РАИЛ КАРГО – РОСТОВ ДОН
НЕДЕЛА, 9 ФЕВРУАРИ
15:00ч
МЕЦ – ЕСБЈЕРГ
ТАБЕЛА: 1. Мец 8 бода (172:159), 2. Есбјерг 8 (168:163); 3. Ростов Дон 7 (159:151); 4. Кристијансанд 5 (177:183); 5. ЧСМ Букурешт 5 (145:153); 6. ФТЦ Раил Карго 3 (163:175).
ГРУПА 2
САБОТА, 8 ФЕВРУАРИ
15:00ч
РАМНИЦУ ВЛЧЕА – ЃЕР
19:00ч
БУДУЌНОСТ – КРИМ МЕРКАТОР
НЕДЕЛА, 9 ФЕВРУАРИ
19:00ч
БРЕСТ – САВЕХОФ
ТАБЕЛА: 1. Ѓер 11 бода (188:148); 2. Брест 11 (186:159); 3. Будуќност 6 (158:157); 4. Рамницу Влчеа 4 (140:140); 5. Савехоф 2 (141:175); 6. Крим Меркатор 2 (139:173).