Лига на шампиони: Нема простор за грешки, секој бод е максимално важен

Со натпреварите кои денеска ќе бидат одиграни продолжува 11. коло од Лигата на шампионите, а тоа носи нови возбудувања.

Екипите кои се натпреваруваат во Групите А и Б имаат нови предизвици и веќе се визира местото во осминафиналето. Покрај тоа тимовите кои целат кон првото место ги имаат финалните битки за обезбедување на директен пласман во четврт-финалето.

Според она што нуди денешната програма многу поинтересно е во Групата Б каде што и двата дуели најавуваат екстра ракомет полн со неизвесност.

Порто покажа дека може да се носи со секого, а победата против Кил на гостувањето беше показател дека секој мора да го сфати овој клуб сериозно. Затоа Веспрем нема да има воопшто лесна задача.

Интересно ќе биде и на дуелот Монпелје-Келце, па овие две средби ќе ја кројат табелата во оваа група и ќе дадат многу појасен изглед денеска навечер.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ

ДВОЈКИ ЗА 11. КОЛО

ГРУПА А

САБОТА, 8 ФЕВРУАРИ

18:00ч

ПИК СЕГЕД – АЛБОРГ

ППД ЗАГРЕБ – ФЛЕНЗБУРГ

НЕДЕЛА, 9 ФЕВРУАРИ

17:00ч

ЦЕЛЈЕ – ПСЖ

19:00ч

ЕЛВЕРУМ – БАРСЕЛОНА

ТАБЕЛА: 1. Барселона 18 бода (356:278); 2. Пик Сегед 17 (297:251); 3. ПСЖ 16 (314:277); 4. Алборг 10 (302:311); 5. Флензбург 7 (265:274); 6. Целје 6 (251:302); 7. Елверум 3 (258:294); 8. ППД Загреб 3 (238:294).

ГРУПА Б

КИЛ – ВАРДАР 34:23

Екберг 8, Ландин 5, Рамел 4 – Кристопанс 6, Стоилов 5, Дибиров 3

САБОТА, 8 ФЕВРУАРИ

16:00ч

ПОРТО – ВЕСПРЕМ

17:15ч

МОНПЕЛЈЕ – КЕЛЦЕ

НЕДЕЛА, 9 ФЕВРУАРИ

17:00ч

МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ – МЕШКОВ БРЕСТ

ТАБЕЛА: 1. Кил 18 бода (348:305); 2. Веспрем 14 (333:288), 3. Келце 12 (302:283); 4. Монпелје 11 (277:274); 5. Порто 10 (286:295); 6. Вардар 9 (309:355); 7. Мотор Запорожје 4 (297:323); 8. Мешков Брест 4 (274:303).