Ракометарите на Вардар денеска го имаат 13. меч сезонава на кој гостуваат во Португалија каде што ќе се обидат да продолжат со добрите резултати во Лигата на шампионите. Ова е дуел кој може да даде дополнителна надеж за правење на уште еден скок до крајот односно да се финишира групната фаза дури и на 4. место.
Сепак, прво мора да се одработи денешната задача. Вардар е пред тешко гостување. Денеска нема да биде воопшто лесно односно ќе мора да се даде најдоброто на теренот. Сите што ќе добијат шанса мора да одиграат на највисоко ниво и да бидат далеку подобри отколку на средбата против Мотор Запорожје.
Целта е јасна, а таа е да се продолжи во ист стил, а вардарци веќе докажаа дека можат да го направат тоа така што и денеска е за очекување да биде одигран добaр натпревар. Сепак, нијанси ќе пресудат за победникот.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 13. КОЛО
ГРУПА А
Јурецки 6, Готфридсон 4, Јепсон 4 – Кањелас 5, Калман 4, Кашпарек 4
САБОТА, 22 ФЕВРУАРИ
17:15ч
ПСЖ – ЕЛВЕРУМ
18:00ч
ППД ЗАГРЕБ – АЛБОРГ
НЕДЕЛА, 23 ФЕВРУАРИ
17:00ч
ЦЕЛЈЕ – БАРСЕЛОНА
ТАБЕЛА: 1. Барселона 22 бода (418:327); 2. Пик Сегед 20 (381:340); 3. ПСЖ 18 (376:338); 4. Флензбург 11 (359:353); 4. Алборг 13 (356:361); 6. Целје 6 (304:363); 7. Елверум 3 (312:358); 8. ППД Загреб 3 (286:352).
ГРУПА Б
МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ – КЕЛЦЕ 26:33
Козакевич 5, Пухоуски 4, Денисов 3 – Каралек 8, А. Душебаев 5, Морито 5
САБОТА, 22 ФЕВРУАРИ
16:00ч
ПОРТО – ВАРДАР
19:30ч
МЕШКОВ БРЕСТ – КИЛ
НЕДЕЛА, 23 ФЕВРУАРИ
17:00ч
ВЕСПРЕМ – МОНПЕЛЈЕ
ТАБЕЛА: 1. Кил 20 бода (377:333); 2. Веспрем 16 (392:341); 3. Келце 16 (389:359); 4. Монпелје 15 (332:324); 5. Вардар 11 (347:383); 5. Порто 10 (335:356); 7. Мешков Брест 6 (336:366); 8. Мотор Запорожје 4 (384:430).