Легендата на Египет реши да се пензионира, ќе каже збогум после Олимпијадата

Капитенот на репрезентацијата на Египет, Ахмед Елахмар на крајот од ова лето ќе замине во пензија, но од играњето за националниот тим. Тој веќе има одлучено дека Олимписките игри ќе бидат неговиот последен турнир во дресот на Египет.

Селекцијата на Египет ќе игра во Групата Б заедно со составите на Португалија, Данска, Јапонија, Шведска и Бахреин.

„Сè уште немам одлучено кога ќе се пензионирам од играњето. Сепак, најверојатно ќе ги завршам моите настапи во националниот тим после игрите во Токио“, изјавува 37-годишниот ракометар.

Елахмар има освоено 55 трофеи во својата кариера, а од нив четири се со репрезентацијата на Египет на шампионатите на Африка.