Легендарен десен бек на Исланд ќе биде тренер во Бундес лига

Легендарниот исландски ракометар, еден од најдобрите десни бекови на сите времиња, Олафур Стефансон се враќа во германската Бундес лига во улога на тренер.

Познатиот Исланѓанец кој во претходните четири години работеше како тренер во својата земја ќе му биде помошник на Раул Алонсо во стручниот штаб на Ерланген.

Четирикратниот освојувач на ЕХФ Лигата на шампионите играше долго во Германија во редовите на Магдебург и Рајн Некар Левен. Сега во новата улога сигурно ќе има многу што да им покаже на помладите генерации.