Лазаров објави поширок список – со Манасков и Талески на Медитерански игри

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, денес го објави поширокиот список на ракометари за Медитеранските игри, кои ќе се играат од 25 јуни во алжирскиот град Оран.

На списокот се наоѓаат неколку искусни ракометари од сениорската репрезентација, но бидејќи се работи за летен турнир, очекувано е шанса да им се даде и на помладите членови.

Ривалите на македонската репрезентација ќе бидат дополнително познати. Турнирот ќе се одржи од 26 јуни до петти јули оваа година.