Селекторот на Македонија, Кире Лазаров, го објави поширокиот список на ракометари од кои ќе ги одбере оние што ќе настапат на двомечот со Чешка.
На списокот од 35 ракометари нема изненадувања, бидејќи тоа е практично истиот список пред двомечот со Романија со две промени.
Ги нема Дејан Кукуловски од Еурофарм Пелистер и Михаил Аларов од Пролет, а вклучени се Милан Лазаревски од Тримо Требње и Иван Џонов од Пролет.
Првиот натпревар ќе се одигра во Злин, Чешка на 13 април во 19:15 часот, а реваншот е на 17 април во Скопје во 19:00 часот.