Ревијалниот натпревар меѓу поранешните и актуелните репрезентативци заврши со триумф на новата генерација со 25-21.
Како играч беше дел од двете генерации, а сега е селектор на актуелната и посакува младите да бидат уште подобри во иднина.
„Одличен потег на Ракометната федерација на Македонија за ова што се организира. Повеќе од 15 години сме на голема сцена и сме дел од репрезентацијата. Го одржуваме македонскиот ракомет и се обидуваме тоа да биде уште подобро во иднина. Се надевам дека младите ракометари дека ќе бидат уште подобри и од нас“, изјави Лазаров.
Македонија ја очекуваат две пријателски средби со Хрватска и Израел, а потоа и пат за Краков, каде ќе игра со Норвешка, Аргентина и Холандија.