Лазаров ги собра сениорите, стартуваше мисијата „пласман на СП“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Прв собир-подготовки за натпреварот со Чешка

Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва го имаше првиот собир пред бараж двомечот со селекцијата на Чешка за пласман на Мундијалот. Играчите од домашните клубови ќе бидат од денеска на подготовки, додека Миркуловски, Митревски, Кузмановски и Пешевски ќе бидат на тренингот во понеделник во СЦ „Борис Трајковски“. Првиот натпревар меѓу Македонија и Чешка се игра во Злин на 13 април, додека реваншот е во Скопје на 17 април.