Денеска беше промовиран новиот клуб на македонската ракометна сцена. Проектот зад кој стојат претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и легендата Кире Лазаров ќе го носи името Алкалоид.
Лазаров истакна дека ова е проект за доброто на македонскиот ракомет и дека преку него ќе се направи база за националниот тим за следните десетина години.
„Ова е проект за доброто на македонскиот ракомет. Чест и задоволство ми е да бидам дел од овој проект. Заедно со Алкалоид ќе работиме за доборот на македонскиот ракомет и спорт. Моето искуство кажува дека мора да оформиме добра база на млади спортисти, доста заостануваме во тој дел, а вакви проекти недостигаат кај нас. Заеднички ќе се трудиме да изградиме македонски ракометари кои во иднина ќе го носат македонскиот дрес. Во Франција и Германија постојат многу центри за фомрација каде што се формираат тие млади играчи, а ние ќе пробаме да го пресликаме тој модел. За да имаме квалитетна иднина, вакви проекти се многу важни, за да можеме мирно да спиеме за да изградиме добра иднина. Скоро секој јануари задно се радуваме и тагуваме на големите натпреварувања, но само од вакви проекти може да направиме база за следните десетина година. Целта на овој проект е на младите играчи да им овозможиме квалитетен тренинг, квалитетна тренерска работа. Спремни сме за соработка со другите клубови, се со цел за доброто на македонскиот ракомет“, изјави Лазаров.
Клубот Алкалоид ќе стартува следната сезона од Првата лига.
Мукаетов: Алкалоид ќе стартува од Првата лига – таму се кали „челикот“ и се кршат копјата
„Повеќе ќе ми значи медал на Македонија, отколку Алкалоид да игра на Ф4 во Лигата на шампионите“
Лазаров: Мојот карактер нема да ми дозволи да има судир на интереси
Базата на Алкалоид ќе биде СЦ „Борис Трајковски“, играчкиот кадар допрва ќе се формира