За завршувањето на играчката кариера на македонската легенда се пишуваше низ сите европски медиуми.
Шпанскиот „Мундо Депортиво“ исто така ја одбележа пензијата, а Лазаров во интервју сподели интересни податоци за неговата кариера.
Додека беше дел од Загреб и Веспрем, тамошните федерации му нудеа можност за настап за Хрватска или Унгарија на македонскиот ас. Тој вели дека ако направел таков потег, тоа ќе беше еднакво на предавство.
„Тоа беше нешто што не го чувствував, а ако нешто не го чувствувате или не сте мотивирани, тогаш немојте да го правите. Иако знаев дека ако играм за тие репрезентации ќе освојувам медали и титули, сепак ќе беше предавство да се откажам од мојата земја и затоа никогаш не го прифатив“, изјави Лазаров.
Со македонската репрезентација Лазаров играше на 12 големи натпреварувања, ЕП и СП, имаше две шанси за пласман на ОИ но не успеа, а на последното ЕП 2022 во Унгарија и Словачка, повредата го спречи да се појави на терен и беше само селектор.