Екипата на Куманово продолжува да ја темпира формата пред натпреварите од продолжението од сезоната.
Ракометарите на Куманово одиграа пријателски натпревар против тимот на Врање и триумфираа со 31:30.
Куманово откако не обезбеди пласман во плеј-оф фазата, во вториот дел од сезоната ќе се бори за опстанок во македонската елита.
Тимот на Куманово во битката за опстанок ќе игра против Јуниор КВ, Голден Арт, Скопје, Радовиш, Вардар Неготино, Прилеп и Струга.