Кумановки го добија дербито против Металург после посилниот финиш

Ракометарките на Куманово остануваат цврсто на врвот на табелата во Супер женската лига откако денеска дојдоа до победа со 24:21 против Металург и останаа и понатаму единствените кои се непоразени.

Од почетокот на натпреварот составот на Металург го диктираше темпото и имаше повеќе од играта. Гостинките лесно ја зголемува предноста која во првото полувреме се искачи до четири гола, во моментите кога резултатот беше 10:6.

Сепак, пред заминувањето на одмор домашните ракометарки стигнаа до намалување на негативата и на одмор беше 9:11.

Во вториот дел имаше многу поизрамнета игра во која и едниот и другиот состав имаа свои моменти. Тимот на Куманово успеа да се врати и долго да биде во егал со Металург. Гостинките се одржуваа во водство, но имаа само гол позитива. меѓутоа кога требаше да притиснат и да ја добијат победата тогаш попуштија и дозволија Куманово да направи пресврт. Во последните четири минути, практично домашните и го добија овој дуел бидејќи одработија подобро од противникот и се изборија за победата.

Со овие бодови Куманово се зацврсти на врвот додека тимот на Металург останува на 3. позиција.

КУМАНОВО – МЕТАЛУРГ            24:21 (9:11)

Сала: СОУ „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска од Скопје. Делегат: Камер Металари од Скопје.

КУМАНОВО: Митровиќ, Паскал, Јовановска, Марковиќ, Трајковиќ 1, Ивановска 2, Боризовска 4, Шарановиќ 1, Чокели 1, Јанкуловска 3, Кипријановска 8, Џамкиќ 4, Цветановска, Краљевски, Белирхоџиќ, Димитриевска.

Седмерци: 4/8, Исклучувања: 4 мин.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Ивановска, Ѓорѓиевска, Владева 1, Гулицоска 4, Тасевска 2, Васева, Смајлоска, Арсениевска 6, Младеновска, Темелковска, Дамчевска, Божиновска 3, Ристовска 3, Петковска, Николиќ 2.

Седмерци: 3/5, Исклучувања: 18 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ16151046
2ЧАИР16141143
3МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА16131240
4КУМАНОВО16130339
5ВАРДАР16111434
6СТРУЖАНКА1671822
7СКОПЈЕ1661919
8ДЕСПИНА1661919
9ПЕЛИСТЕР 20121661919
10ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.1643915
11СПАРТАК16501115
12АСТИБО1630139
13ШАМПИОН1621137