Кузмановски повеќе асистираше, Хановер славеше убедливо кај Кобург

Двајца македонски репрезентативци, Филип Кузмановски и Филип Миркуловски вечерва имаа настап со своите екипи во Бундес лигата. Кузмановски со Хановер го совлада Кобург нагости со 33:26, додека Вецлар на Миркуловски загуби од Лемго со 21:27.

Хановер имаше лесно гостување кај екипата од дното на табелата и без многу проблеми стигна до победата. На полувреме беше 12:17, а во продолжението тимот на Кузмановски рутински запиша нови бодови.

Филип Кузмановски имаше солиден настап, тој постигна еден погодок но успешно ги разигруваше своите соиграчи и запиша четири асистенции. Исто така Кузмановски заработи и едно исклучување од две минути. Со овој триумф Хановер останува на 14. позиција но е сепак недостижен за екипите од опасната зона.

Филип Миркуловски и неговиот Вецлар одиграа слаб натпревар на домашен терен и неочекувано лесно загубија од Лемго. Уште на полувреме гостите имаа високи пет предност кога водеа 11:16. Во продолжението Вецлар немаше сили да се врати во мечот и забележа пораз. Миркуловски немаше учинок на овој натпревар.