Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски на последниот квалификациски натпревар за Европското првенство 2024 заработи тешка повреда.
Битолчанецот во првото полувреме при еден напад кон голот на Турција, незгодно падна на теренот, се повреди и имаше неколку минути прекин.
Левиот бек не можеше да стане, па мораше да интервенираат медицинските лица и на носилки беше изнесен од СЦ ,,Борис Трајковски”.
По напревените детални анализи во Германија е утврдено дека Кузмановски има скинати лигаменти на зглобот од десната нога.
Бидејќи се работи за сериозна повреда, левиот бек на македонската репрезентација ќе паузира подолг временски период.
Хендикеп за Македонија: Кузмановски изнесен на носилки од сала (ФОТО+ВИДЕО)