Кудуз: Грешевме во одлучувачки моменти, Загреб знаеше тоа да го казни

Тимот на Вардар го забележа седмиот пораз во Лигата на шампионите, откако загуби на гостувањето кај Загреб со 23-22.

Левиот бек Анте Кудуз, вели дека овој натпревар беше чуден и дека домашниот тим ги казни грешките на Вардар во одлучувачките моменти.

„Овој натпревар беше доста чуден. Во првиот дел создававме добри шанси, не игравме лошо во нападот, но промашувавме, дел одбрани Славиќ, дел погодивме во стативи, ама сепак се држевме рамноправно. Во вториот дел ситуацијата беше обратна, Загреб почна да греши, но како што одминуваше натпреварот, во одлучувачките моменти кога требаше да одиграме како што треба, не го направивме тоа, и нормално тоа се казнува овде во Загреб“, изјави Кудуз.

Следен предизвик за вардарци ќе биде дуелот со Охрид, а потоа оди на дерби во Битола кај Еурофарм Пелистер, додека за крај ќе биде дуелот со Бутел Скопје на домашен терен.

Вардар тоне на табелата во Лигата на шампионите, со пораз се враќа и од Загреб

Вујовиќ: Загубивме добиен натпревар

„Се плашам пред дуелот во Битола, поразот од Загреб може да има негативен ефект“

Обрван: Загреб и Вардар се најдобри во регионот, имавме среќа и се извадовме од калта