Со натпреварите кои беа одиграни во Шпанија, Германија и Франција беше комплетирано 3. коло во кое имаше две одложени средби. Гостите си заминаа со бодови само од гостувањето во Франција.
Ракометарите на Кристијанштад забележаа голема победа на гостувањето кај Ним после голема борба и неизвесност во завршницата, додека Магдебург сигурно стигна до победата против ЦСКА Москва.
Ним и Кристијанштад одиграа многу израмнет меч во текот на сите 60 минути. Во првиот дел екипите го менуваа водството, а ниту една екипа немаше повисоко водство од два гола. На полувреме гостите имаа минимална предност од 13:12. И во вториот дел натпреварот продолжи во ист ритам. Во финишот Ним имаше 24:22, но со серија од 3:0 гостите стигнаа до победата.
Магдебург оствари победа без многу проблеми против ЦСКА Моска со 37:30. Тимот од Германија уште по првиот дел ја обезбеди победата кога имаше висока предност од 17:11. Во продолжението Магдебург рутински одигра за нови бодови во Лигата на Европа.
ЛИГА НА ЕВРОПА
РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО
ГРУПА А
АОН ФИВЕРС – ТУЛУЗ 37:32 (17:15)
ЧЕХОВСКИ МЕДВЕДИ – ВИСЛА ПЛОЦК 27:28 (11:13)
АДЕМАР ЛЕОН – МЕТАЛУРГ 41:32 (20:13)
ГРУПА Б
НИМ – КРИСТИЈАНШТАД 24:25 (12:13)
ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИ
СПОРТИНГ – ФУКСЕ БЕРЛИН
ТАТРАН ПРЕШОВ – ДИНАМО БУКУРЕШТ
ГРУПА Ц
НЕКСЕ – МОНПЕЛЈЕ 22:23 (8:10)
БЕШИКТАШ – АЛИНГСАС 24:32 (11:15)
МАГДЕБУРГ – ЦСКА МОСКВА 37:30 (17:11)
ГРУПА Д
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – КАДЕТЕН 25:25 (16:10)
ТАТАБАЊА – ТРИМО ТРЕБЊЕ 26:28 (12:14)
ГОГ – РАЈН НЕКАР 32:37 (14:19)