Словенечкиот првак Крим засилен со Ана Грос и Татјана Брновиќ славеше убедливо против унгарскиот Ференцварош со 33-24 и веќе со една е во четвртфиналето на Лигата на шампионите.
Грос беше меѓу клучните фигури и постигна 13 погодоци, додека голманката на словенечкиот тим, Јована Рисовиќ, успеа да собере 17 интервенции. Кај ФТЦ, се истакна Ангела Малештајн со седум гола.
Мец беше убедлив кај Борусија, и со оглед дека Ростов Дон, нивниот противник во четвртфиналето е исклучен од ЛШ, францускиот тим може да го планира патот во Будимпешта на Ф4.
Во Лигата на Европа, романската Баја Маре и данскиот Виборг ги направија првите чекори кон завршниот турнир откако остварија триумфи против норвешките Сола и Сторхамар.
Во Европскуот Куп блиску сме до шпанско финале, откако Гран Канарија ќе брка само гол негатива против Галичнака на домашен терен, а Малага ја реши задачата уште по првиот меч со српскиот Бекамент.
Лига на шампиони, жени, осминафинале:
Крим – ФТЦ 33-26
Борусија Дортмунд – Мец 22-30
Лига на Европа, жени, осминафинале:
Баја Маре – Сола 40-32
Сторхамар – Виборг 31-33
Европски Куп, жени, полуфинале:
Малага – Бекамент ББ 36-21
Галичанка – Гран Канарија 20-19