Кој против кого за титула – еве ги полуфиналните двојки на младинскиот Ф4

Денеска во просториите на Ракометната федерација на Македонија беше извршена ждрепката за претстојниот Ф4 турнир во машката Младинска лига.

Тимот на Младост Богданци, кој претходно ја елиминираше Струга, за ривал го доби составот на Голден Арт, кој беше подобар од Куманово.

Бутел Скопје ќе го чека победникот од четвртфиналниот натпревар меѓу Мулти Есенс и Пролет кој се игра утре.

Завршниот турнир ќе се одигра на 27 и 28 мај, а дополнително ќе биде познат домаќинот и распоредот на натпреварите.