Кој против кого до младинскиот Ф4 – Младост во битка со Струга, Бутел на мегдан со Тиквеш

По завршувањето на регуларниот дел од сезоната во младинската машка лига, познато е кои екипи ќе се борат за пласман на Ф4 турнирот.

Од групата А пласман во четвртфиналето обезбедија екипите на Голден Арт 2, Бутел, Струга и Пролет.

Патници во четвртфиналето од втората група се Мулти Есенс, Младост Богданци, Тиквеш и Куманово.

Ланскиот вицешампион Бутел, кој во минатата сезона загуби во финалето од Алкалоид, за ривал во четвртфиналето го доби Тиквеш.

Дебитантот Мулти Есенс за место на Ф4 турнирот ќе се бори против Пролет, додека Младост Богданци ќе се соочи со Струга.

Ракометарите на Голден Арт во четвртфиналето ќе играат против Куманово.

Четвртфинале, младинци, сезона 2022/23

Бутел Скопје – Тиквеш
Мулти Есенс – Пролет
Младост – Струга
Голден Арт – Куманово

На ланскиот Ф4 учествуваа организаторот Бутел, потоа Алкалоид, Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп.