Коронавирус и во Адемар Леон, одложен е стартот на Асобал лигата!

Коронавирусот се појави и во тимот на Адемар Леон, а претходниот викенд имаше позитивен случај и во Грањолерс.

Затоа клубовите побараа од шпанската федерација да биде одложен стартот на Асобал лигата, кој беше закажан за 2 септември.

Федерација реши да го прифати барањето на клубовите, па одложени се првите две кола што требаше да се играат на 2 и 5/6 септември.

Новите термини ќе бидат познати во текот на оваа седмица.