Откако беше означен предвремен крај на Бундес лигата Кил беше прогласен за шампион во сезоната 2019/20. Иако сезоната не се доигра до крај Кил ја доби титулата и по 21-ви пат е шампион на Германија.
Тренерот Филип Јиха и играчите ја прославија титулата онлајн поради коронавирусот, а во согласност на ситуацијата управата на шампионот почна да продава заштитни маски со натпис „Шампион на Германија 2020“ брендирани со логото на клубот.
Освен маски тука се и стандардните маици и шалови исто така со шампионски натписи. Во продолжение погледнете го дизајнот на маиците и маските кои се во продажба.