Кизиќ е јунакот на битолчани – ја одбрани победата на пелистерци среде Скопје (ВИДЕО)

Еурофарм Пелистер забележа многу важна победа на гостувањето кај Вардар со 23:24 и го презема водечкото место на табелата. Во финишот гостинскиот тим влезе со солидна предност од три гола но вардарци со два брзи гола намалија на минус еден и имаа напад за израмнување. Марко Кизиќ беше спасител на Еурофарм Пелистер и во последниот напад на вардарци го одбрани ударот на Стефан Додиќ и донесе голема победа за својата екипа. Завршните две минути кои беа доста интересни погледнете ги во следното видео....