Кизиќ: Веруваме во нас, одиме на победа против Војводина!

Тимот на Еурофарм Пелистер утре го очекува првиот настап во новата сезона од регионалната СЕХА лига.

Прв ривал на ,,фармацевтите” во групната фаза ќе биде актуелниот шампион на Србија, Војводина, која на стартот триумфираше против Нексе Нашице.

Голманот Марко Кизиќ очекува поволен резултат во Нови Сад, иако тимот од Битола нема да настапи во комплетен состав.

,,Голем дел на тимот беше тука од старт на подготовките и имавме доста време да се подготвуваме. Добри ќе ни дојдат овие два натпревари, ни требаат квалитетни ривали за да го подигнеме ниво. Напорно ќе ни биде на три фронти оваа полусезона, но ќе мора да издржиме. Спремни сме, очекуваме да ни се приклучат уште неколку ракометари од повреди и одиме на победи. Војводина покажа дека игра квалитетен ракомет и донесе доста засилувања. Квалитетен тим е, заслужуваат почит. Сепак, ние веруваме во нас и патуваме во Нови Сад по победа. Нексе ни е познат противник, сме играле против нив и во Европската и во СЕХА лигата, Сезонава тимот им е малку изменет, но структурата им е иста”, изјави Кизиќ.

Натпреварот меѓу Војводина и Еурофарм Пелистер се игра утре во „Слана Бара“ со почеток во 18:00 часот.

Еурофарм Пелистер без Маџовски и Ѓорговски против Војводина, во Битола останаа Суси и Велковски