Карапалевски го наполни голот на Работнички

Ракометарите на Вардар Јуниор без проблеми ја оправдаа улогата на фаворит на натрпеварот против Работнички и освоија нови лесни бодови. Во натпреварот кој се одигра во малата сала во СЦ Јане Сандански домашната екипа славеше со 40:24.

Уште од почетокот на дуелот фаворитот ја најави победата. Вардар Јуниор поведе со 5:1, а Работнички возврати и израмни на 5:5. Само почетокот беше израмнет, а во продолжението еден тим доминираше на теренот. Разликата постојано се зголемуваше и на полувремме Вардар Јуниор замина со предност од 17:10.

Вардар Јуниор многу ангажирано го започна вториот дел и брзо се одалечи на огромна позитива од 15 гола, До крајот рутински одиграа за лесна победа против последнопласираната екипа на табелата и освои важни бодови за плеј аутот.

Најефикасен во составот на Вардар Јуниор беше Мартин Карапалевски со осум гола, а Стефан Крстевски постигна пет и беше втор стрелец во својот тим. За тимот на Работнички уште еднаш Давор Палевски беше најдобар со девет погодоци.

ВАРДАР ЈУНИОР – РАБОТНИЧКИ  40:24 (17:10)

Сала: Мала сала Јане Сандански во Скопје. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски. Делегат: Марјан Начевски.

ВАРДАР ЈУНИОР: Гогов, Јанковски 2, С.Чаклиќ 2, Јакимовски 3, Карапалевски 8, Х.Чакалиќ 2, Андоноски 3, Трпчевски 4, Анѓелковски 3, Стојановски 1, Виларов, В.Крстевски 4, С.Крстевски 5, Атанасовски 1, Дука 2, Анѓеловски.

Седмерци: 6/6. Исклучувања: 12 мин.

РАБОТНИЧКИ: Трајчевски 1, Михајловиќ, Шиклевски, Фиданов, Мишоски, Перчуклиевски, Огнановски, Добревски, Марковски 1, Бошковски 5, Кочаров, С.Палевски 2, Д.Палевски 9, Апостоловски 1, Николовски 5, Џепаровски.

Седмерци: 2/2. Иклучувања: 2 мин.