Екипата на Стружанка прекинот на Женската лига го дочека на четвртото место на табелата со 30 бодови.
Поради коронавирусот и вонредната ситуација нема да има ракомет во април и мај, а тренерот на Стружанка, Владимир Паноски вели дека е рано да се даваат предлози за тоа како да продолжи шампионатот.
„Мислам дека е рано да коментираме во поглед на продолжување на Женската лига. Никој не знае до кога ќе трае оваа ситуација. Кога ќе има услови за играње, тогаш би можеле да ги разгледаме можните опции и да се диксутираме за предлог што би било најдобар за сите клубови“, вели Паноски за 24Ракомет.
Во најдобар случај ракометот во Македонија повторно би се активирал на крајот на мај, а Ракометната федерација засега нема конкретен модел по кој би се добиле шампионите во машка и женска конкуренција.