Како вардаровите Русинки станаа најдобри другарки…

Европското првенство кое во моментов се игра во Данска, Татјана Хмирова го следи пред малите екрани со оглед на тоа дека некаде од 2013 – 2014 година не е повеќе дел од националниот тим на Русија.

Не сакаше да навлегува во детали зошто е тоа така, иако може да се пофали со еден бронзен медал од ЕП 2008 и злато од СП 2009. Она што го потенцираше е дека во репрезентацијата ги нашла своите најдобри другарки – Ина Суслина и Ирина Дибирова.

„Не сакам да зборувам за тоа зошто не сум во репрезентацијата. Сплет на околности, најверојатно. Ми беше тешко на почетокот, но потоа се навикнав. Она што ќе ми остане се моите најдобри пријателки – Ина Суслина и Ирина Дибирова. Кога дебитирав во репрезентација сите за мене беа ѕвезди и играчишта. Идоли кои ги гледав на клупа во Динамо. Тогаш немаше социјални мрежи и не беше лесно како денеска да се комуницира со нив. Тогаш делуваа недопирливи. Јас бев дете за сите нив, кое одеднаш се најде во репрезентацијата. Тие се по 11 години постари од мене, учев и растев со нив. Ме зедоа под свое, ако можам така да кажам, уште во селекцијата и ете и денеска сме најдобри другарки. Од Ира многу учев, таа беше паметен и интересен играч – бек како мене.“

Комплетното интервју со Хмирова прочитајте го во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ТАТЈАНА ХМИРОВА: Реков ќе играм секаде, само НЕ во Македонија, а потоа дојдов во ЖРК Вардар и станав македонска снаа