„Каде и да играм, никаде нема да има навивачи како во Скопје“

Ако нешто е силно врежано во меморијата на Русинката Татјана Хмирова од времето кога беше дел од шампионскиот ЖРК Вардар, тоа е атмосферата во „Јане Сандански“ и поддршката која вардарки ја имаа кога играа дома.

„Атмосферата во ’Јане Сандански’, тоа нема да го заборавам никогаш. Ги имавме најдобрите навивачи на светот! Кога игравме дома, тие полни трибини, таа поддршка и навивање каква сила, енергија, мотивација даваа… Уф, уште ми поминуваат морници кога ќе се потсетам на тоа. Она чувство што значи да играш дома. Вистина е дека и во Унгарија имавме навивачи, но не беше исто. И мислам дека нема да биде исто без разлика каде и да играм на друго место“, децидна е Русинката.

Целосното интервју со Татјана Хмирова прочитајте го во продолжение…

ИНТЕРВЈУ ТАТЈАНА ХМИРОВА: Реков ќе играм секаде, само НЕ во Македонија, а потоа дојдов во ЖРК Вардар и станав македонска снаа